Услови на користење

17.02.2011.

Согласност со Условите на користење

Со користењето на системот Donesi.com, се согласувате и ги прифаќате одредените услови и правила на користење (во текстот подолу „Услови на користење“) кои се наведени во понатамошниот текст.

Авторски права
Оваа интернет страница е во целосна сопственост на агенцијата ПЛОТУН. Целосниот софтвер кој се користи на интернет страницата е специјално развиен за потребите на системот Donesi.com и е заштитен со меѓународни закони кои ја регулираат оваа област. Содржината и софтверот на страницата можат да се користат само за лична намена, за купување преку интернет. Во никој случај не е дозволено користење на Сервисот за продажба на производи или услуги или за зголемување на посетеноста на некоја друга интернет страница за комерцијални цели, како ни превземање на резултатите од пребарување на системот Donesi.com, нивно преобликување и објавување на други интернет страници. Доколку имате желба да го употребите системот Donesi.com за комерцијални цели или на друг начин кој не е опишан овде, обратете ни се преку електронска пошта на: info@donesi.com

Заштитена трговска марка
Donesi.com е заштитено трговско име на системот Donesi.com и е во сопственост на агенцијата ПЛОТУН. Забрането е било какво користење на ова име или знак од страна на било кој друг сервис, производ или услуга која не е поврзана со системот Donesi.com. Забрането е и користење на имиња и знаци кои со својата сличност на името и знакот Donesi.com можат да ги доведат до забуна корисниците и трети лица дека истите се поврзани со системот Donesi.com и агенцијата ПЛОТУН.

Впечатоци, фотографии и мислења
Било какви впечатоци, фотографии или оставени мислења на интернет страницата, во делот каде што име е оставен простор на корисниците да го изразат својот став и мислење, се во неексклузивна сопственост на системот Donesi.com и можат да се користат за рекламни намени и да се прилагодуваат спрема потребите. Доколку го оставите Вашиот впечаток на интернет страницата, Вие се сложувате и прифаќате дека системот Donesi.com може да го користи името под кое испраќате било каков впечаток или споделувате мислење. 

Ризик на испорака
Испораката на нарачка проследена преку системот Donesi.com зависи исклучиво од нашите партнери, односно рестораните кои ја вршат испораката. Donesi.com не одговара за било каква штета или губиток настанат од погрешна, неквалитетна или неблаговремена испорака, поради немањето контрола во процесот на испорака. Доколку не сте задоволни со испораката, можете да се обратите на адреса info@donesi.com и ние ќе се обидеме во иднина да се спречи појавата на слично незадоволство (на пр. со исклучување на проблематичниот ресторан од системот Donesi.com). Исто така можете да го оставите Вашиот впечаток за одреден ресторан, во делот предвиден за тоа, кој ќе биде достапен за сите заинтересирани.  

Цени на производи на интернет страницата
Цените на производите претставени на интернет страницата Donesi.com се идентични на цените на производите во рестораните. Рестораните се обврзани да ги доставуваат сите промени на цени и понуди на системот Donesi.com пред да направат било какви промени на истите во рестораните, за да може системот Donesi.com благовремено да ги промени цените и понудите на интернет страницата. Доколку сепак дојде до некакво несогласување на цените или појава на неточни цени на интернет страницата, Donesi.com не одговара за било каква можна штета произлезена од овој случај.  

Злоупотреба на Сервисот
Donesi.com го задржува правото да го прекине сервисот на корисниците за кои утврди дека го злоупотребуваат. Доколку корисниците се претставуваат лажно, испраќаат лажни нарачки и слично, Donesi.com има право да ги спречи таквите корисници од употреба на системот Donesi.com. Доколку сакате да пријавите слично однесување на некој корисник, и со тоа да го унапредите функционирањето на системот Donesi.com, Ве молиме да ни се обратите на адреса info@donesi.com.

Негирање на гаранција
Donesi.com Ви обезбедува систем „таков каков што е“, без никакви гаранции во било каква смисла. Вие прифаќате целосна одговорност за било каква штета или губиток настанати од употреба или неупотреба на системот Donesi.com. Donesi.com изречно се откажува од сите изречени, подразбирливи или пропишани гаранции, вклучувајќи, но не и ограничувајќи се на, гаранции за тргување, погодности за соодветна намена и против прекршување на интелектуалните права. Donesi.com не гарантира дека Сервисот ќе ги исполни сите Ваши барања ниту дека функционирањето на Сервисот ќе биде без прекини и грешки.

Ограничување на одговорност
Вие разбирате и прифаќате дека системот Donesi.com може да има грешки во функционирањето, проектни грешки или други проблеми и дека користењето на Сервисот може да резултира со непредвидена штета или губиток, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на, неочекувани резултати или губење на податоци. Donesi.com под никакви околности нема да сноси одговорност за било какви настанати штети (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на, специјални, ненамерни или намерни штети, губење на профитот или губење на податоци, без обзир на предвидливоста на таквите штети) кои произлегуваат од или се поврзани со користењето и функционирањето на системот Donesi.com или било какви материјали или сервиси кои Donesi.com Ви ги нуди. Ограничувањето на одговорноста се применува во смисла на штета настаната поради други информации, сервиси, услуги, совети или производи до кои е дојдено преку линковите или рекламите на системот Donesi.com. Под никакви услови Donesi.com не е одговоре за неправилно функционирање или прекин на работата на системот Donesi.com, предизвикана директно или индиректно од природни сили, елементарни непогоди или причинители кои се вон разумната моќ на контрола, во кои спаѓаат, но не ограничувајќи се само на, проблеми во функционирањето на интернетот, дефект на компјутерска опрема, или проблеми со истата, проблеми во функционирањето на телекомуникационата опрема или мрежа или некој друг вид на уред и опрема, престанок на струја, болест на вработените, несоработка од страна на трети лица, сите видови социјални немири, наредби од домашни и меѓународни судови.

Известување преку е-пошта
Donesi.com го задржува правото да Ве контактира преку електронска во смисла на известување за статусот на Вашата сметка, Вашите нарачки и повремени е-билтени. Доколку не сакате да ги добивате ваквите известувања, можете да се одјавите со правење на измени во подесувањата на Вашата сметка или со кликнување на линкот за одјава во пораките кој го содржат е-билтенот.

Промени на Условите на користење
Donesi.com го задржува правото, без било каква причина и без најава да направи промени на Условите на користење, од време на време, промени на ценовникот и промени на системот Donesi.com во било кој момент, вклучувајќи го и правото за прекин на услугата, со или без најава, без одговорност спрема Вас или било кое друго трето лице. Сите такви промени на системот Donesi.com ќе бидат објавени на интернет страницата и сите промени стапуваат во сила веднаш по нивната објава на интернет страницата. Вие се обврзувате повремено да го посетите делот кој ги содржи Условите на користење на интернет страницата, за благовремено да се запознаете и информирате со евентуалните промени.

Со користење на системот Donesi.com по објавувањето на промените на Условите на користење, Вие се согласувате и ги прифаќате сите промени. 

Останато
Овие Услови на користење претставуваат договор помеѓу системот Donesi.com и Вие, како корисник, кои се однесуваат на користењето на системот Donesi.com и ги заменува сите претходни, пишани или усмени договори или разговори кои овде не се посебно споменати. Било какво отстапување од одредбите на договорот ќе има дејство само доколку се направени писмено од страна на системот Donesi.com.

Доколку не се согласувате со било кој од наведените услови или правила, Ве молиме повеќе да не го користите системот Donesi.com.  

 



Почетна  |  Мобилна верзија  |  Приватност  |  Услови на користење  |  Контакт

Телефонска поддршка: +38971319309

, , , .

® Donesi.com is registered trademark of Plotun. © Copyright by Plotun. All rights reserved.