Политика на приватност

15.02.2011.

Прибирање информации
Информациите за корисниците се прибираат само во случај кога е потребно да се проследи и со цел успешно да се изврши нарачката преку системот на Donesi.com. Се прибираат само информациите кои ги оставаат самите корисници и Вашиот IP.

"Колачиња"
За време на Вашата прва посета, како и секоја наредна, Donesi.com испраќа колачиња (cookies) на Вашиот компјутер. Тоа се мали текстуални фајлови сместени во Вашиот интернет пребарувач (на пр. Microsoft Explorer, Mozilla Firefox и слично). Тие содржат само податоци со кои се идентификувате како единствен корисник на сесијата и се користат исклучиво за унапредување на работата на системот Donesi.com. Доколку Вашиот прелистувач не е подесен да прифаќа „колачиња“,можете да го подесите да ги прифаќа, одбива или да известува при секое испраќање на „колачиња“. 

Споделување информации
Личните податоци никако и под никакви услови не се споделуваат со трети лица за било какви цели, освен податоците кои се неопходни за испорака (име, адреса, телефонски број, список на нарачаната храна) и кои ги примаат рестораните од кои е нарачана храната. Рестораните се обврзани да ги чуваат и да не ги споделуваат добиените податоци со трети лица. 

Комуникација со корисниците
Вашиот телефонски број или е-пошта може да бидат употребени заради известување на статусот на Вашата нарачка или ненадејно откажување, доколку биде потребно. Donesi.com го задржува правото да ги известува повремено корисниците на Donesi.com преку е-пошта за новите услуги или производи.

Промени во политиката на приватност
Доколку дојде до промени на нашата Политика на приватност, промените ќе бидат објавени во овој дел од интернет страницата Donesi.com. Сите промени стапуваат во сила во моментот на нивната објава. Доколку овие информации Ви се важни, редовно проверувајте го овој дел од нашата интернет страница. Со користење на системот Donesi.com, Вие се согласувате на сите промени и во целост ги прифаќате.  

Прифаќање на Политиката на приватност
Со користење на системот Donesi.com или било кој негов сервис, Вие ја изразувате Вашата согласност со политиката на приватност која е објавена на интернет страницата на Donesi.com во делот на Политика на приватност и Услови на користење.

За дополнителни прашања во врска со Политиката на приватност, Ве молиме обратете ни се по електронска пошта, на info@donesi.com.



Почетна  |  Мобилна верзија  |  Приватност  |  Услови на користење  |  Контакт

Телефонска поддршка: +38971319309

, , , .

® Donesi.com is registered trademark of Plotun. © Copyright by Plotun. All rights reserved.